[Подкаст] Што е муабетот со претседателските избори во Република Северна Македонија

На 21 април ќе се гласа за новиот претседател на Република Северна Македонија. Во трка се тројца кандидати, сите професори. Блерим Река го поддржаа партиите Алијанса за Албанците и Движење Беса, Гордана Силјановска е поддржана од партијата ВМРО ДПМНЕ, а Стево Пендаровски ја има поддршката на СДСМ, по вторпат.

Што е муабетот со претседaтелските избори, и како се бира претседател, зборуваме со Љупка Гугучевска, од Државната изборна комисија.