Шри Ланка прогласена за најдобра дестинација за патување за 2019

10 години по крајот на граѓанската војна, Шри Ланка е прогласена за број еден земја која треба да се посети во 2019 година од издавачот на туристички водичи „Лоунли Планет“.

Подобрениот транспорт, нови хотели и зголемениот број активности се причините кои за изборот на јужноазискиот остров како најдобра дестинација во годишните награди за туризам.

„Веќе препознатлива за авантуристичките туристи, поради нејзиниот спој на религии и култури, безвремените храмови, богатата и достапна дивина, сурфањето и луѓето, кои и покрај декадите на граѓански конфликт, се гостопримливи и пријателски настроени, оваа земја е повторно оживеана“, вели авторот на „Лоунли Планет“, Итан Гелбер, во книгата Најдобри дестинации за патување 2019, објавена денес.

Туристите кои ја посетувале Шри Ланка драматично се зголемиле од крајот на 26-годишниот конфликт, од 449 илјади во 2009, на 2,1 милион минатата година.

Според „Лоунли Планет“, меѓу најдобрите пет дестинации во категоријата на држави кои треба да се посетат се и Германија, Зимбабве, Панама и Киргистан.

Во категоријата „Најдобри градови“, на првото место се најде главниот град на Данска, Копенхаген. Во првите пет се уште и Шенжен (Кина), Нови Сад (Србија), Мајами (САД) и Катманду (Непал). На деветтото место се најде и хрватскиот град Задар.

Пиемонт во Италија е прогласен за најатрактивен регион за 2019 година. Планинскиот регион Катскилс во САД се на второто место, по што следи Северен Перу, Црвениот центар во Австралија и шкотските гори и острови.

Во последната категорија, „Најекономични дестинации“, кои нудат најмногу за цената, на првото место се најде јужната долина на Нил, додека во првите пет се уште и Лоѓ во Полска, Националниот парк Смоуки во САД, Малдиви и американскиот град Хјустон.