Шпански град се откажува од борбата со бикови за да купи учебници

Град во Шпанија сака да се откаже од годишниот фестивал на борба со бикови, за предвидениот фестивалски буџетот да го пренамени за учебници. Вилафранка де лос Кабалерос (Villafranca de los Caballeros), град со околу 5 000 жители и околу 150 километри оддалечен од Мадрид, ќе гласа за предлогот во текот на оваа седмица. Со него се бара локалната самоуправа го пренасочи средствата од 18 000 евра за прибор во училиштата и се очекува градскиот советот, каде мнозинство се социјалистите, да го прифати овој  предлог.

Како што пренесува Индепендент, новоизбраниот градоначалник од редот на социјалистите за Гардијан изјавил дека ова не е заземање став против борбите со бикови, туку за приоритизирање образованието во време на финансиски резови.

„Ова е прашање на приоритети. Постои голем број на невработени во овој град и многу луѓе едноставно немаат пари да купат училиштен прибор за нивните деца“, вели градоначалникот и додава и дека не се против борбите со бикови, но парите може да се користат и на други начини.

Низ Шпанија секоја година се организираат околу 16 000 прослави кои вклучуваат бикови. Тие остануваат контроверзни настани во земјата, во текот на кои повредите, па дури и смртни случаи на гледачите и учесниците не се невообичаена работа.

Еден од најпознатите фестивали е тој во Памплона каде биковите се пуштаат да трчаат на улишите полни до посетители, а кој предизвика силна реакција и протести на активисти на ПЕТА.