Шпанската младина во прогонство: „Ние не си одиме, тие нè бркаат!“

youth-unemploymntНевработеноста кај младите во Шпанија, како една од трагичните последици на кризата која ја има зафатено оваа земја, стои на 55,6%. Минатата година Европската унија побара итна акција против оваа загрижувачка состојба. По 15 месеци на власт, Народната партија (НП) најпосле презентираше План за вработување на младите [es](со профил на Твитер @empleo_joven) уверувајќи ја земјата дека ќе ја надмине кризата. Тие зборуваа за „зелени никулци“ како симбол на економско закрепнување. Луѓето не им веруваат и по последната реформа на трудот несигурноста продолжува да се шири [es]. Шпанските синдикати добија предупредувања дека ако овој план не се покаже корисен за мерките за раст, неговите ефекти ќе бидат ограничени.

Во 2012 година, бројот на млади Шпанци (на возраст меѓу 15 и 29 години) кои живеат во странство се покачи на 302,623 [es], без да се земат предвид оние кои се намаат регистрирано во конзулатите во земјите домаќини. Многумина заминале во странство од економски причини поврзани со немањето можности за вработување во Шпанија или лошите услови од договорите за работа. Како одговор на проблемите на пазарот на трудот, движењето „Млади без иднина“ (Juventudes sin Futuro) започна кампања насловена „Ние не си одиме, тие нè бркаат“[es], со истиот хаштаг на Твитер. Иницијативата се спротиставува на манипулациите како изјавите на Марина де Корал кои како причина за прогонството го наведуваат „авантуристичкиот дух на младите“. На блогот на кампањата има различни секција за мапирање на младите кои бараат подобра иднина во различни делови на светот, при што некои не ја наоѓаат. Нивното објаснување гласи:

Насловната страница на El Diagonal.
Иако е точно дека во просек невработеноста на младите во Европа (22.5%) е многу пониска од онаа во Шпанија, не е гарантирано дека таму може да се најде работа. А надвор од Европа, шпанските млади почнуваат да одбираат дестинации како Латинска Америка и Азија. Општо земено, работните места кои ги добиваат младите во странство исто така ги карактеризира нестабилност, долготрајно работно време и ниски плати кои не обезбедуваат пристоен живот, ниту убава иднина.

Напишано од Elena Arrontes
Преведено од Филип Стојановски