Шпанска вечера со Марк де Јонг во Јавна соба

Во сабота, со почеток во 20 часот започнува серијата на специјално дизајнирани вечери со Марк де Јонг, кои ќе се одржуваат во Јавна соба.

Инспириран од кујната, којашто ја има совладано како млад готвач во шпанскиот контингент во НАТО, врвниот готвач сака да им ги доближи вкусовите на богатата шпанска кујна на гурманите во Скопје.

Јавна соба започна едногодишен проект на кулинарско продуховување и во рамки на проектот ќе организира серија на гастрономски претставувања на разновидни кујни кои не се застапани во редовната ХОРЕКА понуда во земјава. Целта на проектот е да се запознае домашната публика со варијациите на вкусови на храна, пијалоци, музички вредности, или со други зборови култура на исхрана и живеење.

„Шпанија е ризница на вкусови и традиции, добрите познавачи знаат дека Апенинскиот полуостров е место каде се јаде вкусна и квалитетна храна, се дегустираат одлични вина, бренди и ликери. Високата култура на социјализирање и хранење надвор е многу слична на македонската. За оваа пригода Де Јонг и Катерина Николиќ од Јавна соба подготвија традиционално летно мени кое е припремено на традиционален андалузиски начин“, велат организаторите.

Оние кои сакаат да го почувствуваат вкусот на Шпанија, потребно е да го резервираат своето учество на 02 6092 650.