Шпанска уметница изработува олимпијци од слоеви на хартија

Уметницата Раја Садер Бујана од Барселона дизајнираше неколку фигури изработени од хартија, во соработка со фотографот Гарсија Мендез, со кои се прикажани олимпијци во различни дисциплини. Секоја фигура e направена од 150 парчиња хартија, со стотици мали сепаратори од три милиметри за да даде посебен ефект.