Шон Пол со концерт во Скопје на 23 август

Светски познатиот хип-хоп и реге музичар Шон Пол, на 23 август ќе одржи концерт во Скопје, како дел од неговата светска турнеја. Концертот е закажан на Стадионот на АРМ во Градски парк.

Пол на скопскиот концерт доаѓа со својата комплетна екипа составена од танчари и музичари. Влезниците за концертот, во организација на Фјужн продакшн и Акаша букинг се пуштени во претпродажба по намалени цени, во ограничен број преку продажните мрежи на karti.com.mk и mktickets.mk, како и на kupikarti.mk.

Досега има објавено шест студиски албуми, а новото издание „The Trinity“ е најавено за оваа година. Номиниран е осумпати за наградата Греми, а ја освои во 2004 година за најдобар реге албум.

Во портфолиото на Шон Пол се запишани и неколку Билборд музички награди за најпродаван реге музичар и реге албум. Потоа за омилен поп или рок музичар на Американските музички награди, најдобар реге пејач на Јамајканските награди.