Шок-бомби и солзавец на протестите во Грција поради посетата на Обама

Илјадници граѓани протестираа во Грција, на само неколку километри од местото каде  се организираше банкет за американскиот претседател Барак Обама, кој е во посета на оваа земја.

Демонстрантите, многу од нив со покриени лица и членови на комунистичкиот синдикален фронт ПАМЕ, носеа транспаренти на кои пишуваше „непожелен“, „врати се дома“ и „ се судрија со полицијата на улиците во центарот на Атина, а безбедносните сили употребија шок-бомби и солзавци за да ја растераат толпата.

Судирот се случи откако демонстрантите се обидоа да го пробијат кордонот и да стигнат до зградата на парламентот и американската амбасада. Некои од демонстрантите фрлиле два молотови коктели кон полицијата, пред да се повлечат во улиците околу главниот плоштад Синтагма, јавува Ројтерс.

Во друг протест во Солун, демонстрантите го запалија американското знаме.

Посетата на Барак Обама доаѓа два дена пред годишницата од крвавите студентски протести во 1973-та година, која помогна да се собори воената хунта која седум години владееше со Грција и беше поддржувана од американската администрација.

Обама, кој во јануари ја предава функцијата на Доналд Трамп, пристигна вчера во Грција како дел од последната турнеја во странство како претседател на САД.