„Шо ми прајте бе во дворо?“ – серија од настани до 19 септември

Низата настани насловена „Шо ми прајте бе во дворо?“ ќе се одржува од утре (8 септември) до 19 септември во Мобилната/монтажна галерија на ЦСУ, која е моментално лоцирана во двор на ул. Томки Димитровски бр.18 во Битола.

„Шо ми прајте бе во дворо?“ е продолжение на проектот „Мобилна култура – солидарни граѓани” и концептот на прoграмата на овогодинешното издание на АКТО 10 фестивалот за современа уметност.

Оваа серија ја отвора самостојната изложба на цртежи на Елена Ѓорѓиевска, потоа следува:

2. Групна изложба на фотографии Вера Христовска, Маџит Бајрамов, Александар Буневски, Марија Петровска, Весна Тирицовска, Кети Талевска, Симона Калица 12 – 15.09/ 21:00-23:00 часот 14.09/ 20 часот /работилница (аналогна и дигитална фотографија)

3. Дискусија “Улогата на уметникот, културниот и физичкиот работник во време на револуција”, која ќе ја води литванскиот уметник Redas Dirzys (Редас Диржис) во соработка со уметничката група ЕЛЕМЕНТИ. 16.09.2015/ 21 часот

4. Проекција на филмови од академијата за мултимедија во Љубљана Универзитет во Нова Горица, Висока школа за уметност / University of Nova Gorica School of arts 17.09.2015/ 20 часот

5. „На Битола со љубов, одново“, Ѓорѓе Јовановиќ 19.09.2015/ 18 часот

6. „Спорни места”, самостојна изложба на Оливер Мусовиќ и Гвијанг Хванг 19.09.2015/ 20 часот

„Зошто во дворот? Оваа серија на настани е продолжение на програмските активности во рамки на Мобилна/монтажна галерија на ЦСУ (Центарот за современи уметности од Скопје) која беше поставена во Битола за време на АКТО 10. Поточно не добивме можност од страна на Општина Битола за поставување на Мобилна/монтажна галерија на ЦСУ во јавен простор и со самото тоа моравме да користиме приватни простори за јавни настани, па затоа Мобилната/монтажна галерија ја поставивме во приватен двор на ул. Томаки Димитровски бр.18,

Шо ми прајте бе во дворо? е локален битолски израз кој има значење кое симболично ја потенцира приватната сопственост на одреден простор/место и ја доведува во врска со значењето и начините на користење на јавен простор за изведба на уметнички настани на граѓани.

Настанот е во организација на здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат“ како дел од програмските активности на АКТО фестивалот за современа уметност во рамки на Мобилната/ монтажна галерија на ЦСУ како партнери на настанот. Соработници: Благојче Цветковски, Христијан Атанасовски, Кети Талевска, Михајло Џима, Ана Џима, Вера Христовска, Наташа Бошковска, Елена Ѓорѓиевска, Барбара Петруловска, Андријан Наумовски, Ивана Васева, Филип Јовановски.