Шкотскиот парламент воведе бесплатни менструални производи за сите жени

Шкотскиот Парламент одлучи да ги направи менструалните производи бесплатни за сите жени, со што стана првата држава во светот што ги воведе овие промени.

Оваа легислатива ќе ги направи тампоните и влошките достапни на јавни места како локални заедници, младински клубови и аптеки, а сето тоа ќе ја чини Шкотска околу 31 милион долари.

„Менструални производи (бесплатна провизија)“ е шкотскиот закон кој во првата фаза се усвои со 112 гласови „за“, ниту еден глас „против“ и едно отсуство. Сега законот преминува во втората фаза, во која членовите на шкотскиот Парламент ќе предложуваат амандмани.

За време на дебатата, носителката на предлог законот, Моника Ленон, изјавила дека усвојувањето на овие промени ќе биде „пресвртувачки момент за нормализирање на менструацијата во Шкотска и испраќање на сигнал до луѓето колку сериозно шкотскиот Парламент ја сфаќа родовата еднаквост“.

„Зошто тоалетната хартија се гледа како основна потреба, а продуктите за менструација не?“, соработничката на Ленон, Алисон Џонстоун, ги запрашала присутните.

Во 2018 година, Шкотска стана првата земја во светот која обезбеди бесплатни продукти за хигиена во училиштата, факултетите и универзитетите.

Извор: Reuters