Шкотска произведе доволно енергија од ветер за цел ден

За првпат, ветерните турбини произведоа доволно енергија за Шкотска да има струја цел ден.

Според анализите на шкотските експерти, вонсезонското силно невреме направило турбините да создадат 106 отсто од целосното количество на енергија, користено од секое домаќинство и бизнис во државата на седми август.

Силните ветриша кои ја погодија државата беа со брзина од 115 метри на час и целосно го блокираа градот во некои делови.

„Додека невремето во неделата направи прекин за многу луѓе, исто така, се покажа како добар ден за ветерната енергија, кога ветерните турбини сами создадоа доволна енергија за потребите за струја на Шкотска“, вели експертот Ланг Банкс.

Тој побара од шкотската влада да се посвети на нов начин за снабдување на половина од сите енергетски потреби за Шкотска, вклучително за огрев и транспорт, до 2030 година.

„Исто така, треба да се запамети дека ветерната енергија не е единствениот обновлив извор на енергија што Шкотска го има на располагање“, додава Банкс.

Според податоците, ветерните турбини во Шкотска создале 39, 545 мегавати на час елетрична енергија за 24 часа во неделата.

Вкупната потрошувачка на енергија во Шкотска за тој ден била 37, 2020 мегавати на час.