Шкафчиња полни со бесплатна храна и хигиенски производи се појавиле низ американски град

Инспирирана од проект за бесплатни книги сместени во шкафчиња низ нејзиниот град, Џесика МекКлард поставила шкафчиња полни со храна и хигиенски производи за оние кои имаат потреба од нив бесплатно да ги користат.

Веќе некое време, Little Free Libraries, шкафчиња полни со бесплатни книги по улиците, се појавувале во Фајетвил, Арканзас. Џесика МекКлард, жителка на градот, се прашувала зошто се толку успешни.

„Чувствувам дека малите бесплатни библиотеки создаваат добрососедски односи, воедно критикувајќи ги социјалните проблеми“, изјавила МекКлард. Благодарение на успешниот пример со бесплатни книги, се сетила да ја создаде Little Free Pantry иницијативата.

Кога добила пари од хуманитарна организација, го поставила првото шкафче со бесплатни продукти во близина на една црква во Фајетвил. Проектот набргу станал голем успех. Сега има повеќе од 10 илјади фанови на Фесјбук, а инспирирал и други жители на градот да постават шкафчиња со производи кои може да ги користи секој кој има потреба од нив.

„Најбарани производи се путер од кикирики и мармалад, производи за женска хигиена и пелени“, вели таа.

Бидејќи едно од шкафчињата се наоѓа во близина на училиште, во него поставила предмети потребни за настава.

Сите оние кои сакаат да го поддржат проектот на Џесика, а не можат да донираат предмети за да ги смести во нејзините шкафчиња, таа вели дека можат да постават свои.