Шише за вода се полни самото создавајќи вода од воздухот

Австрискиот иноватор Kristof Retezar развил шише за вода кое се полни самото. Шишето стои на рамката на велосипед и ја претвора водената пареа во воздухот во течност.

Уредот, кој е наречен Fontus, е инспириран од потребата да се намали недостатокот на вода на глобално ниво, користејќи ја влажноста во воздухот како извор за питка вода. Сепак, со оглед на тоа што шишето треба да се движи брзо со цел да оперира, дизајниран е специфично како додаток за велосипед.

Шишето содржи ладилник напојуван со соларна енергија, во кој влагата кондензира кога влажниот воздух влегува во студените површини. Овие површини се обложени со хидрофобичен материјал, што значи дека ја одбиваат водата, создавајќи капки кои потоа се собираат во шишето.

При оптимални услови, Fontus може да генерира околу половина литар вода. За тоа е потребна температура од околу 20 степени Целзиусови и ниво на влажност од 50 посто.

Уредот содржи и филтер кој спречува партикули на прашина и инсекти да влегуваат во водата. Но, нема никаков систем на прочистување, што значи дека не може да се користи во околини со високо загадување.

Fontus бил проект-финалист за James Dyson Award во 2014 година. Retezar се надева дека ќе собере финансии за да развие верзија од шишето која ќе биде способна да влече вода и во фиксна состојба, а не само во движење.

Извор: IFL Science