„Шимшир порти затворени“ – младите во Велес ги изложија своите фотографии

Членовите на Медиа/Арт клубот при МОФ во Велес организираа завршен настан од модулот „Фотографија“ насловен „Шимшир порти затворени“.

На изложбата беа презентирани триесетина фотографии, кои ги изработија повеќе членови на Медиа/Арт клубот од Велес.

„Целата на завршниот настан беше да се преточат предавањата и вежбите во изработени фотографии кои носат одредена порака. Младите членови речиси еден месец ги фотографираа стари градби низ Велес со најавтентични порти кои се симбол на сите затворени врати кои ги имаме во општеството и во институциите“, изјaви Стефан Каракачанов, координаторот на изложбата.