ШИФТ Фестивал на 1 јули во Кичево

Новото издание на фестивалот на електронска музика ШИФТ ќе се одржи на 1 јули, на врвот на Китиното Кале во Кичево кога свој настап има најавено Методи Христов, човекот избран за најдобар тек-хаус артист за последните дванаесет месеци.

На фестивалот е најавен настап и на српското дуо Alternativa и NinoFlooder, како и на неколку од најдобрите македонски диџеи.

Методи Христов успеа да ги придобие фановите на електронската музика за многу краток период. Сака да експериментира со различни стилови на музика што резултира со неочекувано добра комбинација.

Неговата „Step Outside” уштево 2014 беше “означена” од страна на Матијас Танцман како број еден на Ибица сесијата. Неговите изданија добија поддршка од разни светски познати артисти, со кои и заедно настапува како: Marco Carola, Richie Hawtin, Pete Tong, Hot Since 82, Coyu, Joseph Capriati, Luigi Madonna, Stefano Noferini, JorisVoorn, Mendo, Mark Knight, Jay Lumen, Pan-Pot, Ramon Tapia, Audiojack и други.

Фестивалот за посетителите нуди LOVE & CHILL и GRAFFITI зона. Најдобриот GRAFFITI и најдобрата фотографија добиваат гратис карта за LOVEFEST, втор најдобар фестивал во Европа. Фестивалот има отворено и слободна кампинг зона за сите посетители.