Шесто издание на Стипендии Експо – Study Abroad 2015 денес во Скопје

Стипендии за странски универзитети, услови за упис, процес на аплицирање и различни видови на финансиска помош за студии во странство денес ќе бидат претставени на манифестацијата Стипендии Експо – Study Abroad 2015, која се одржува во Хотел Континентал Скопје, од 10:00 до 16:30 часот.

Стипендии Експо е единствен настан на кој на едно место се претставени стипендиските програми и други видови на финансиска помош кои им се достапни на македонските граѓани за студии во страство. Годинава се одржува по шести пат.

За оние кои не биле во можност да го посетат Стипендии Експо, сите програми кои ќе бидат претставени може да ги најдат на интернет базата за стипендии.