Шесто издание на Интернационалниот фестивал за спортови на отворено во Демир Капија

Спортскиот клуб „Клисура” од Демир Капија во соработка со општина Демир Капија го најавуваат шестото продолжение на интернационалниот фестивал за спортови во природа.

Оддржувањето на сите спортско-рекреативни и други активности во склоп на фестивалот ќе се случуваат во прекрасната и раскошна природа на територијата на општина Демир Капија.

Целта на овој голем настан е преку рекреативното спортување во природа и дружење, и ширењето на позитивните вибрации да се постигне зајакнување на вредностите помеѓу младите, толеранција, почит на различности, еколошка свесност, здрав начин на живеење, креативен активизам итн.

„По овој повод ги покануваме за соработка и учество сите спортски федерации и клубови на планинари ,велосипедисти, алпинисти, кајакари, параглајдеристи, извидници, спелеолози и сите љубители и почитувачи на природата и доброто незаборавно дружење“, велат организаторите.

Програма за Outdoor Festival 2019:

17.05.2019 Петок
18:00 – 21:00 Пречек и пријавување на учесниците во кампот.
21:00 – 22:00 Технички состанок со учесниците и сместување во кампот (паркот покрај реката)
20:00 – 01:00 Забавна програма и музика во живо во ресторан „Четворка“

18.05.2019 Сабота

07:00 – 17:00 Алпинизам и спортско качување во кањонот на Д. Капија.
07:00 – 09:00 Пречек и пријавување на учесниците во Кампот
09:00 Симболична трка (1,5 км) со старт од кањонот (стариот тунел) до центарот на
Демир Капија
10:00 Официјално отварање на Фестивалот од страна на градоначалникот
10:00 Организирана рекреативна прошетка со старт од кампот до црква св.петка(4часа)
10:00 Организирано “off-road” возење велосипед со старт од центарот на Демир Капија и посета на
винариите “Попова Кула” и кралската винарија “Кралица Марија” и музеј на виното.
12:00 Забавни игри, рекреативна програма за деца во градскиот парк?
13:00-16:00 Кајак на диви води и рафтинг (за сите пријавени учесници на Outdoor Festival 2019 кои ќе сакаат да пробаат со презентација и водство на искусни кајакари од “ ККК”Просек МКД”-Демир Капија)
15:00 Рекреативен качувачки
натпревар “Могли” за деца во градскиот парк?
16:30-17:30 Рекреативен “Зумба” час во кампот.
19:00 – 01:00 Забавна програма и музика во живо во градскиот парк.

19.05.2019 Недела

07:00 – 17:00 Рекреативно спортско качување во кањонот на Д. Капија
08:30 Организирана рекреативна планинарска прошетка до Водопадите во Копришница вкупно 7 часа.(организиран превоз со автобус до стартот во с.Дрен)
09:30 Организиран планински велосипедизам (голема Тура со старт од Кампот- Демир Капија).
17:00 Послужување на фестивалско гравче во ресторан “Четворка” и доделување на награди и признанија и затварање на фестивалот.

Организаторите нагласуваат дека сите учесници во сите спортски дисциплини на фестивалот се одговорни за својата здравствена и лична состојба и безбедност како и безбедноста на останатите учесници и потпишуваат изјава – согласност за доброволно учество , за што организаторот во случај на повреди не е одговорен. Учесниците се должни да носат соодветна ОПРЕМА за кампување и за одржување на спортските дисциплини.

Учесниците се должни да ги почитуваат и правилата наведени од организаторот и да се грижат за животната средина каде што спортуваат или престојуваат.

Они кои сакаат да учествуваат на фестивалот со свои спортови или презентации за спортски искуства организаторот ке им обезбеди термин и место.

За време на деновите на одржување на фестивалот ќе биде отворен музејот на виното во Д. Капија со слободен влез. За време на фестивалот сместувањето е во шатори и е бесплатно.

Специјална промоција за учесниците на фестивалот со попуст од 20 % за ноќевање во винарска визба Попова Кула и 10% попуст за дегустација на вино.

Учеството-котизација за фестивалскиот пакет кој вклучува маичка и рекламен материјал од спонзорите за секој учесник над 16 години изнесува 500 денари, а за учесник помлад од 16 години ќе изнесува 400 денари.

Програмата е прелиминарна и можни се дополнување и промени од страна на организаторот, стои во повикот за фестивалот. Повеќе информации може да најдете на следниот ЛИНК.