Шесто издание на глобалниот настан „Ноќ на идеите“ во Скопје

Годинава се организира 6-то издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“, каде учествува и Францускиот институт во Скопје.

Настанот ќе се одржи онлајн во соработка со Акцелераторот УКИМ, а во фокус на изданието во 2021 година ќе биде пандемијата на COVID-19 вирусот. Тие организираат онлајн дебата на тема: „Дигитална ера: Толку далеку, а толку близу – новите навики по пандемијата“, која ќе се одржи на платформата Zoom, во четврток, 28 јануари, со почеток во 17 часот.

„Во време кога санитарната криза нè принудува да го редефинираме нашиот однос кон животната средина и воедно ги доведува во прашање иднината на економијата во идното општество, Ноќта на идеите нè повикува, повеќе од кога било, на колективна размисла за светот по пандемијата на COVID-19“, стои во најавата за настанот.

За настанот ќе биде обезбеден симултан превод, а сите заинтересирани да го следат настанот потребно е да се регистрираат ОВДЕ.