Шесто издание на ФРИК фестивал

Шестото тридневно издание на ФРИК Фестивал, во соработка со „БОШ Фестивал“, „Ново Доба“ и Факултетот за ликовни уметности ќе се случува во Стаклената соба на Педагошкиот факултет од 25-29 декември со отворени работилници, заедничка работа, но и музичка програма.

„Ново доба“ се заштитници на активната и продуктивна независна сцена од Белград, кои им овозможуваат на авторите, по патот на Направи сам да отпечатат свое дело како стрип, фанзин или графичко дело. Во Скопје, тие ќе реализираат тридневни работилници, во кои ќе ја прикажат самоодржливата продукција на креативната работа, работилници за текстил, цртеж, правење сито машина и сито печат.

За време на фестивот ќе се претстави и независниот режисер Ромас Забараускас од Литванија кој не се плаши отворено да говори за геј љубовта во услови на хомофобична, нео-наци и коруптивна средина.

Фестивалот ќе се затвори со изложба на цртежи на тема Античка љубов со дискусија која ќе опфати повеќе теми поврзани со религијата и античкото љубење. Додека, за музичкиот дел ќе се погрижи „Клетото тројство“.

За учество на работилниците може да се пријавува на frikaktion@gmail.com.