Шесто издание на Филозофски филмски фестивал

Шестото издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ)ќе се одржи од 7 до 9 април во Кинотеката на Македонија. Во рамките на Главната програма на Фестивалот предвидени се три проекции на филмови, излагања на тема со еминентни професори по филозофија од Македонија и познатите отворени дискусии со публиката.

Оваа година како дел од придружната програма на Фестивалот во изминативе два месеци имаше два специјални настани за учениците од средните училишта, како и за студенти од Филозофскиот факултет во Скопје. На свеќениот настан за време на Фестивалот, ќе бидат прогласени победниците на конкурсите и доделени наградите.

Филозофскиот Филмски Фестивал е необичен филмски фестивал кој ја поврзува филозофијата со седмата уметност, обидувајќи се на непосреден начин да ја дофати филозофијата низ призмата на филмот, но и да поттикне на филозофска мисла и акција кај љубителите на фил(м)ософијата во Македонија. Фестивалот започна како студентска иницијатива во 2010 година на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет – Скопје, a од 2013 по докажаниот успех прераснува во културна манифестација на Филозофското друштво на Македонија.