Здружението на граѓани „Experience in music“ го најавува шестото издание на Фестивалот на електронска музика „Проект калабалак“.
Фестивалот ќе се одржи на 29 август со почеток во 21 часот на паркингот „Орел“ во Радовиш.
На овогодинешното издание на фестивалот со неколкучасовен диџеј сет ќе настапат белградскиот диџеј Марко Настиќ и грчкиот диџеј Дино МФУ, кои ќе добијат домашна поддршка од диџејот Никифор, Ампов и „Марсабб“.
Целта на „Проект калабалак“ е да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика. Првото издание на Фестивалот се одржало во 2015 година.
Согласно протоколот, капацитетот на паркингот „Орел“ за овој настан ќе биде адаптиран на 20 отсто од вкупниот капацитет на паркингот, а задолжително ќе биде почитувањето на мерките при протоколите за организирање настани.