Шесто издание на детскиот фестивал „Сонот на облачето“

Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе се одржи од 17-19 декември во просториите на Младинскиот културен центар.

„Сонот на облачето“ е еден од малкуте традиционални културни настани наменети за деца, а како единствен фестивал од овој тип во регионот, придонесува и кон интернационална афирмација на оваа уникатна уметност. Организаторите најавуваат претстави, работилници, изложба и по некое изненадување.

Фестивалот се отвора во понеделник со претставата „Кралот жаба и други љубовни приказни“ на Ана Фабули. Трае 40мин. нема текст и е наменета за деца над 3 години. Истовремено се организира и иложба на рачно изработени лампи во фоајето на сцената на кино Фросина.

Во вторник е најавена работилница со Мери Донат, кога ќе се ️изработуваат картонски кукли за театар на сенки кои ќе се оживеат со помош на неколку трикови. Во 19:30 е претставата „Алиса и чудата“ на Театар „Сенки и облаци”.

Фестивалот се затвора на 19 декември, со проекција на кусиот анимиран филм „ Small World Theater“, создаден од бегалски приказни и вистински цртежи направени за време на патувањата, нивните гласови и музика со традиционални ритми. Потоа посетителите ќе ја проследат „Снежана и седумте џуџиња“ на студио „Абстракт” и „Птици“ на Мери Донат.