Шест луѓе се убиени, а осум се повредени, при вооружен напад во џамија во канадскиот град Квебек, соопштија од поцијата.
Пукано било врз Исламскиот културен центар, каде биле собрани повеќе од 50 луѓе за вечерна молитва.
Канадските власти нападот го сметаат за терористички чин.
„Го осудуваме терористичкиот напад врз муслиманите во центарот на обожување и прибежиште. Муслиманските Канаѓани се важен дел од нашиот национален состав и овие бесчуствителни дејства немаат место во нашата заедница“, соопшти премиерот Џастин Трудо.
Tonight, Canadians grieve for those killed in a cowardly attack on a mosque in Quebec City. My thoughts are with victims & their families.
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) January 30, 2017
Жртвите биле на возраст помеѓу 35 и 70 години, изјавила Кристина Коломбе, портпаролката на полицијата, додавајќи дека дел од повредените се во сериозна состојба.
Претходно, очевидец за Ројтерс изјавил дека најмногу тројца напаѓачи биле вмешани. Агенцијата извести и дека е видена „силно вооружена полициско-тактички тим“ како влегува во џамијата.
На фејсбук страната, Исламскиот центар се заблагодари на јавноста „за стотиците пораки на сочуство“.
Во јуни, минатата година, истата џамија била цел на исламофобичен инцидент, кога пред влезот на објектот била оставена глава од свиња, со картичка на која пишувало „добар апетит“.