Шест здруженија со овластување од Министерството за правда за давање правна помош

Со поддршка на проектот Пристап до правда во Македонија и здружението за граѓанско општество 8-ми септември – Скопје се стекна со решение за давање на овластување од Министерството за правда за давање на претходна правна помош.

Пристап до правда во Македонија

Со тоа, информираат од Фондацијата Отворено општество – Македонија кои се координатори на проектот „Пристап до правда во Македонија“, се рашири и мрежата на здруженија за давање претходна правна помош. Од февруари 2014 година, од кога започна да се реализира овој проект, мрежата има обезбедено бесплатна правна помош на преку 280 граѓани и континуирано работи на подобрување и унапредување на системот на бесплатна правна помош. При тоа, една од целите на проектот е да се застапува за јакнење на позицијата на здруженијата во системот на бесплатна правна помош, за чија неопходност сведочат и податоците за бројот на граѓани кои се обратиле за помош до здруженијата.

Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од Европската унија. Координатор е ФООМ, а партнерски организации се Македонско здружение на млади правници – Скопје, Национален ромски центар – Куманово, Младински културен центар – Битола, Ехо – Штип, Избор – Струмица и 8-ми Септември – Скопје.