Шест починати и 88 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Во последните 24 часа регистрирани се 88 нови случаи на Kовид-19, починати се 6 лица, а оздравени се 113 пациенти, соопшти министерот Венко Филипче преку Фејсбук.

„Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип“, стои во објавата на Филипче.

Нови случаи се регистрирани во Скопје (23), Струга (11), Штип (10), Куманово и Охрид по 8, Гостивар и Македонски Брод по 4, Битола и Прилеп по тројца нови случаи, додека Дебар, Тетово, Велес, Виница, Свети Николе и Кичево по два новозаразени. По еден случај во својот град, изминативе 24 часа имаат Кавадарци и Струмица.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Во последното деноноќие биле направени 1507 тестирања, со што вкупно се направени 108384 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информира Филипче.