Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа потврдени се 159 нови случаи на Ковид-19 и тоа 32 во Скопје, 25 во Куманово, 22 во Гостивар, 15 во Струга, по 9 во Тетово и Берово, 8 во Штип, 7 во Прилеп, по 5 во Кавадарци и Гевгелија, 4 во Делчево и Охрид, 3 во Кичево, по 2 нови случаи во Велес, Кочани и Виница и по еден нов случај во Дебар, Битола, Струмица, Радовиш и Пехчево.
Од министерството за здравство известуваат дека починати се шест лица, од кои четворица пациенти од Скопје на возраст од 77, 80, 85 и 86 години. Починато е едно лице од Гостивар на 61 годишна возраст и едно лице од Штип на 76 годишна возраст. Петте лица се починати во болнички, а едно вон болнички услови.
Институтот за јавно здравје регистрирал 75 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Досега во земјава се направени вкупно 136.051 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1733 теста.