Шест лица починаа, а регистрирани се 128 нови случаи на Ковид-19

Шест лица починаа, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 од направените 1025 тестирања во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Притоа, од починатите шест пациенти, четири се од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Од новозаразените лица со Ковид 19, од Скопје се 52, Штип-29, Гостивар-13, Кавадарци-10, Куманово и Тетово-6. Во Македонски Брод се регистрирани тројца новозаразени, а во Прилеп, Битола и Виница двајца. По еден новозаразен е регистриран во Пробиштип, Кочани и  Свети Николе.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213, бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183.

Направените 1025 теста се преку: ИЈЗ-662, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со PCR метода -113, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-12, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.