Шест држави од Шенген зоната ги враќаат граничните проверки

И Данска се приклучува на Норвешка, Шведска, Австрија, Германија и Франција како држава која ги враќа граничните проверки во рамки на Шенген зоната. Ова денеска го соопшти портпаролот на Европската комисија, Тове Ернст и појасни дека првите пет држави неодамна на ЕК и ги соопштиле своите намери и причини за ваквата постапка.

Комисијата денеска го добила писмото од Копенхаген, по што претстои оценка на ставот. Од Европската комисија посочуваат дека Данска има намера да врши проверки на границата до 14 јануари.

Европското законодавство пак дава неколку можности за обновување на граничната контрола во Шенген при предвидливи или вонредни околности, но претходно мора да биде информирана и да се согласи комисијата.