Шест бенда ќе свират во МКЦ за петтиот роденден на Дајхард Рекордс

По повод петтиот роденден на Дајхард Рекордс & букинг, на 17 март (четврток), со почеток од 19 часот во Младинскиот културен центар ќе настапуваат бендовите Nasty, Hardfaced, Shock Troopers, Gargoyles, Short Fuse Hero и Blood Shot Down.

Белгискиот бенд Nasty моментално е еден од најактивните и најголемите Европски хардкор/битдаун бендови. Бендот со кој е познат по одличните настапи во живо, четири албуми и турнеи по целиот свет, за прв пат ќе настапи во Македонија. Моментално го снимаат новиот албум кој ќе биде промовиран и во Скопје.

Охриѓаните Hardfaced оваа година прославуваат десет години од излегувањето на албумот „More Than Hate“, а по тој повод ќе го отсвират целиот албум

Shock Troopers, пак, по една година „тишина“ настапуваат повторно, а Gargoyles ќе го отсвират своjот истоимен деби албум.

Настапуваат и Short Fuse Hero, со концертна промоција на деби албумот „Back To Basics“, а публиката ќе може да ги слушне и Германците Blood Shot Down.

Карти во претродажба можат да се најдат на билетарата во МКЦ по цена од 250 денари. На денот на концертот ќе чинат 350 денари.