„Шепографија“ – Прва изложба на фотографии од бездомни животни во Кинотека

Утре (12 декември) од 19 до 22 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи првата изложба на фотографии од бездомни животни.

Настанот го организира иницијативата „Шепасти ентузијасти“, а фотографиите ќе бидат од нивни животни-штитеници кои бараат дом или пак се веќе вдомени.

Организаторите најавуваат дека под секоја од фотографиите ќе биде споделена и приказната на животните и сите оние кои сакаат да вдомат миленик ќе можат да добијат повеќе информации.

Во склоп на изложбата ќе има и штанд со новогодишни производи, кои ќе се продаваат за донации за иницијативата.