Шегата на најдобриот комичар во светот за 2014

Исмо Леикола е победникот на натпреварот во Лас Вегас за најдобар комичар во светот. Тој е стенд-ап комичар од Финска којшто тврди дека нашол совршено решение за меѓународните проблеми со парите.

Шегата што победи на натпреварот за најдобри комичари во светот

„Државите не си должат една на друга. Државите им должат на банките. А ако државата им должи на банките, колку се само глупави што им плаќаат. Државата има војска. Банките имаат четири касиери и една чистачка“, рече Леикола  во полуфиналето од натпреварот.

Леикола како награда доби 10 000 долари и турнеја.

Извор: 24sata