Шеесет земји го имаат ратификувано Парискиот договор за климатски промени

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, е на дипломатска мисија да овозможи Парискиот договор за климатски промени да стапи на сила пред да му заврши мандатот на крајот на годината. Откако 31 држава формално го ратификуваше договорот вчера, се направи голем чекор тоа да стане реалност.

Кога се носеше договорот во Франција во декември, многу држави и групи за заштита на околината претпоставуваа дека ќе стапи на сила во 2020 година. За повеќето меѓународни договори се потребни години, а понекогаш и децении, за формално да стапат на сила, бидејќи секоја држава поминува низ сопствен процес на ратификување за формално да го склучи пактот

Сепак, бидејќи ефектите на глобалното затоплување стануваат се поочигледни, Бан драматично го забрза распоредот за преземање акција.

Парискиот договор, за прв пат, би ги обврзал сите држави, од минијатурниот Фиџи до огромните загадувачи како Кина и САД, да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да преземат мерки да се адаптираат на влијанијата на климатските промени.

Парискиот договор има за цел да го ограничи глобалното затоплување на помалку од два степени Целзиусови, над прединдустриските нивоа, до 2100 година.

И Кина и САД формално се приклучија кон договорот на почетокот на месецов.