Шеесет стипендии за студии во Русија

Владата на Руската Федерација ќе додели 60 стипендии за македонски граѓани за академската 2014/2015 година за различен степен на студии на некој од руските универзитети.

Шеесет стипендии за студии во Русија

Како што информира Министерството за образование и наука, 44 стипендии се за редовни додипломски студии, седум за магистерски, осум за специјалистички и една за докторски студии.

– Избраните ќе добиваат месечна стипендија, во висина на стипендијата на руските студенти во соодветната категорија, но и еднакви услови и цена за сместување во студентските домови како и за руските студенти, соопшти МОН.

Конкурсот е објавен на веб-страниците на Министерството за образование и наука и на Руската амбасада во Македонија www.russia.org.mk и ги наведува условите и начинот на аплицирање и потребните документи кои треба да ги достави кандидатот.

Крајниот рок за пријавување е 8 април 2014 година, а интервјуто со пријавените кандидати ќе се одржи на 9 април 2014 во 10 часот во Министерството за образование и наука.

Формуларот за пријавување и листата на студиски области може да се најде на www.russia.edu.ru/enter/2013.