Шарени мурали на улиците кои се појавуваат само кога врне

Група дизајнери од Јужна Кореја најдоа начин да се справат со сивите денови кога не престанува да врне. Тие одлучија да му ги вратат боите на градот Сеул преку создавање огромни, живописни цртежи по улиците што се појавуваат само кога врне дожд.

Нивниот проект е насловен „Project Monsoon“  и е создаден во време на сезоната на монсуни, кога во градот непрекинато врне по три недели. Уметниците користат специјални бои кои се невидливи, се додека не бидат навлажети.

„Инспирирани од културата која ја нагласува важноста на протокот на реките во Јужна Кореја, на сликите се користат топографските карактеристики Кореја за да се создаде проток на дождот во секоја улица и таа да се пополни со боја и животот”, велат уметниците за нивните проекти .