Шарената револуција најави блокирање на раскрсници во Скопје

Денеска напладне Шарената револуција преку социјалните мрежи, најави дека ќе се блокираат неколку раскрсници во Скопје.

Тие ги замолуваат граѓаните за трпение и поддршка.

„Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ако се соочите со блокада, приклучете се, свирнете за поддршка, свирнете за себе и за слободна Македонија“, наведуваат од Шарената револуција и неформалното движење Протестирам кои веќе осум седмици по ред речиси секојдневно организираат протести против селективната правда во Скопје и низ земјава.