Шарената револуција ја обои МИА и упати порака: Не можеш да убиеш идеја

Синоќа е фрлена боја и кон Македонската информативна агенција. Утринава на социјалните мрежи беа објавени фотографии од боењето, како и од пораките „Не можеш да убиеш идеја“ и „Пукај џабе ти е“, испишани на зградата на агенцијата.

„Вие имате куршуми, ние имаме идеи. Не можеш да убиеш идеја. Не можеш да запреш идеја. Не можеш да скриеш идеја“, порачаа од „Шарената револуција“.

Боењето на МИА, всушност беше порака до нејзиниот дописник во Брисел, Бобан Нонковиќ, кој вчера коментираше на Фејсбук дека треба да се користат вистински куршуми за демонстрантите, наместо гумени, како што порача директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ. Демонстрантите синоќа напишаа „Пукај бе Боби, пукај“.