Шарената дружина – изложба на фотографии

„Шарената дружина“ е изложба на фотографии која ќе се отвори на 22 мај, во недела, во Јавна соба.

Ликови, очи, мали дупчиња во листовите, шарени предмети, дрвја…разновидноста во интересите е видлива низ фотографиите произлезени од работилниците кои се одржаа во април/мај 2016, под менторство на фотографката Фросина Илиевска. Во овој период, 10 учесници со Даун синдром имаа можност да се дружат, да учат што се композиција, портрет и други концепти и, користејќи ја фотографијата како медиум, да ги искажат своите чувства, интереси и желби.

Низ фотографиите на изложбата посетителите ќе може да го погледнат светот низ објективот на Ена Митревска, Јулијана Петровска, Моника Бисовска, Дарко Ефтимовски, Никола Колев, Оливер Блажевски, Флоренс Герет, Елизабета Петковска, Александар Матовски и Илина Георгиева.

Изложбата се отвора во 20:00 часот.