Шарена револуција утре со собир пред судот ќе дава поддршка на Павле Богоевски

„Еден за сите, сите за еден!“ е слоганот со кој Шарена револуција за утре од 10:45 часот повикува на собир пред Основниот суд Скопје 1, каде се очекува да се појави Павле Богоевски.

Според Шарена револуција, продолжуваат притисоците врз луѓето кои секојдневно протестираа и протестираат против режимот. Сметаат дека продолжуваат да се судат граѓани кои ја критикуваат власта, а истовремено, велат тие, криминалците шетаат слободно, уништуваат докази и траги од веќе сторени и вршат нови кримични дела.

„Обвинителството на Зврлевски го товари Павле за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Оваа, прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда. Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд! До тогаш, ако нема правда, нема мир!“, стои во повикот за утрешниот собир пред Основен суд Скопје 1.