Шарена револуција среде дожд и невреме во Скопје

Силниот дожд не ги спречи учесниците во Шарената револуција да излезат на најавениот протест во Скопје, кој започна во 19 часот пред СЈО. Протестот се одржува под мотото „Правдата е Устав, СЈО е правда“, како што пишува на платното што пред себе го носат демонстрантите движејќи се кон Владата.

Тие и денеска го повторија барањето Уставниот суд да ја потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство, појасувајќи дека заштитата на СЈО е гаранција за правда во Македонија.

На протест денеска повика и здружението „Го сакам ГТЦ” од каде порачаа дека „Скопје 2014“ може да се спречи само ако падне оваа влада.