Шарена револуција: Обоено Министерството за надворешни работи

Десетици балони со боја вечерва беа фрлени кон Министерството за надворешни работи со што и денеска продолжи Шарената револуција.

Ниту кордонот од полиција, ниту пак дождот, не ги спречи присутните да го искажат својот револт кон новите барокни зданија во Скопје.

И денеска тие тргнаа од СЈО, се задржаа пред Собранието, за да го обојат Министерството. Оттука пак колоната продолжи пред Влада.

Барањата на Протестирам се итно повлекување на одлуката за аболиција, оставка на Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, но и основање Специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите од СЈО.

Трета недела протести – демонстрантите пред Собрание порачаа: Нема да им помине!

Демонстрантите бараат и повлекување на одлуката за избори на 5 јуни, техничка влада што ќе ги спроведе реформските приоритети од извештајот на Прибе и вклучување на претставници на граѓанското општество во преговорите за излез од кризата.