Шарена револуција: Обоена Влада и импровизирана ќелија за Јанкулоска, Протуѓер и Мијалков

Од СЈО кон Влада и Собрание, тоа е денешната рута на демонстрантите од Шарената револуција.

„НЕ за криминалот!НЕ за аболиција“ пишува на платното кое напред го носат демонстрантите. Со себе носат и кукли со ликовите на аболирината поранешна министерка Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер шефот на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, како и Сашо Мијалков, неодамнешниот шеф на УБК кои се ставени во импровизирани затворски келии.

13296264_131782940563415_1359055777_n

Балоните со боја денеска летнаа кон Владата, каде беше активиран големиот рачен катапулт за да се стигне до белата барокна зграда заштитена со неколкуметарска ограда.

Оттука демонстрантите продолжија кон Собрание, со кусо задржување кај Министерството за правда каде им оставија цвеќе на полицајците што го обезбедуваат објектот.

Демонстрантите ги повикуваат сите граѓани да им се придружат во протестите.

Барањата на Протестирам и Шарената револуција се укинување на аболицијата и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, уставно признавање на СЈО, формирање преодна Влада што ќе спроведе преформи според Приба, но и вклучување на граѓански  претставници во преговорите за излез од кризата.