Шарена револуција ги обои Влада и Собрание: Нашата уметност е бесплатна

Со мотото „Нашата уметност е бесплатна“ се одвиваше денешниот протест на движењето Протестирам и Шарената револиција кој тргна од СЈО , а продолжи со боење на Влада и Собрание.

На чело на колоната се најде и слика на раководството на партијата, со исцртани решетки како потсетување на бројните уметнички дела нарачани за новото седиште на партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Демонстрантите и денеска благодарение на рачниот чатал успеаја да досегнат до фасадата на Владата и да остават нови дамки на неа, како потсетник на протестите и шарената револуција.

Чаталите потоа беа активирани и кон Собранието. „Боја за Собрание“ и „Готово, Никола“, скандираа демонстрантите.

Овде и денеска беше поставена бината на која се обрати Александра Филипова од Студентски Пленум, која говореше за проблемите и окупацијата во образованието. За проблемите, скапото парно и криминалот на Регулаторната комисија за енергетика говореш Емел Флоријан. Свое обраќање пред демонстрантирте, како и претходните денови на крај имаше и претставник на СДСМ.

Со протестите кои продолжуваат осма седмица по ред меѓу другото се бара оставка на претседателот Ѓорѓр Иванов, поништување на аболицијата, вклучување на граѓански претставници во преговорите за излез од кризата, но и формирање преодна влада која треба да создаде услови за фер и демократски избори. Досега е исполнето само едно барање за одложување на изборите од 5 јуни.