Шалот кој ги документира доцнењата на возовите во Минхен е продаден за 7550 евра

Шалот исплетен од Германка која била лута на честите доцнења на возовите е продаден за 7 550 евра на Ибеј. Шалот кој го документира доцнењето на јавниот превоз, стана познат откако новинарката Сара Вебер го објави на нејзиниот Твитер профил. Бил сплетен од нејзината мајка, која за да стигне до работа патува низ михенската област.

Таа започнала да го плете шалот на кој секој ред, со различна боја, го покажува времето на доцнење на возовите. Вебер вели дека нејзината мајка избрала со сива боја да ги обележи доцнењата под пет минути, розова боја за оние доцнења помеѓу 5 и 30 минути и црвена доколку возот доцнел во двата правци или повеќе од 30 минути.

Шалот има огромен ред од црвена боја, кој отсликува приказна.

„Пролетта сè било во ред. Многу редови на сива и розова боја. Тогаш настапил посебен сообраќаен режим поради замена на шини за време на летото. Возот доцнел секој ден шест и пол недели“, објаснува Вебер.

Континуираните доцнења ја натераа германската железница да го назначат менаџер на кризи за да ја подобрат својата точност. Околу една четвртина од сите возови и една третина од возовите на долги релации, задоцниле во 2018 година – што е заостанување од времињата кога 95% од германските возови стигнуваа навреме. За 2019 година, германската железница постави рамка дена навреме мора да стигнат 80% од сите возови и 76,5% од возовите на долги релации.

Приходите од шалот ќе одат во добротворна организација која им помага на патници од ранливите групи, како и на оние кои се соочуваат со итни случаи во патувањето.