Сезона на европски филмови во Јавна соба

Од утревечер започнува сезоната на прикажување европски филмови во Јавна соба. Проекциите ќе започнат со унгарскиот филм „Контрола” од 2003 -тата.

Филмот се фокусира на дневните борби на група инспектори – контролори на карти во метро, во подземниот систем базиран на (и сниман во) метрото во Будимпешта.
Станува збор за приказна за чудниот млад човек Bulcsú, колегите инспектори од неговиот тим, без исклучок сите допадливи ликови, инспектори од ривалскиот тим… Покрај тоа ова е и уште една приказна за љубовта. Филмот е во режија на Нимрод Антал.

Влезот за проекцијата е слободен.

По завршување на филмот ќе се одржи дискусија и дружење.

Дебатата ја води Маја Трајковска, која започна да организира филмски вечери во Англија на кои интернационалната публика по завршувањето на филмовите ja поттикна да разговара за изгледаниот филм, како и да предложува други филмови од различни европски земји кои биле наградени или номинирани за награда. Овие вечери сѐ уште се организираат еднаш месечно во Лондон и до сега е направена библиотека од 100-тина филмови кои ќе бидат претставени и пред македонската публика во Јавна Соба.

Присуството за проекцијата и дебатата може да се потврди на contact@publicroom.org