Северна Кореја ги укинува визите за кинеските туристи

Северна Кореја отвори на крајбрежјето на реката Апнок во Синуију зона без визи за кинеските туристи.

Посетителите од Кина ќе можат да се задржат еден ден, и покрај шопингот, да уживаат во севернокорејските специјалитети, но не смеат да одат во други делови од земјата.

Туристичката зона од 130 000 метри квадратни се наоѓа на местото каде неодамна беше изграден мостот на реката Апнок. Тука се наоѓаат и ресторани и театар, а истовремено може да прими до 10 000 туристи.

Ова претставува голем исчекор за Северна Кореја, со оглед на тоа дека досега им ги одземаа пасошите на кинеските посетители и им ги враќаа кога си заминуваа. Сега, посетителите ќе можат да влезат со покажување на лична карта.