Северна Кореја ги блокира Фејсбук, Твитер и други „веб-страници за возрасни“ на одредено време

Владата на Северна Кореја официјално објави дека ги блокира Фејсбук, Твитер, Јутјуб и јужнокорејски веб-страници на неодредено време, изразувајќи загриженост од начинот на кој се шират информациите. Министерството за пошти и телекомуникации ја соопшти веста оваа недела кај најголемиот мобилен оператор „Кориолинк“ и кај други места што ослужуваат интернет корисници.

Мал дел од Севернокорејците имаат пристап до интернет, но и тие можат да видат само од санкционираниот интернет, ограничен од власта. Меѓутоа, туристите порано можеле да сурфаат на интернет без речиси да имаат ограничувања.

Новите ограничувања ќе им отежнат на посетителите или луѓето од малите области во Северна Кореја да објавуваат информации во реално време за земјата кон надворешниот свет, а со тоа во иднина ќе им се ограничи на севернокорејскиот народ да гледа што светот пишува за нив. Во соопштението на владата се вели дека интернет страниците како Јутјуб, Фејсбук, Твитер, Гласот на Америка и јужнокорејските страници ќе бидат блокирани на „одреден временски период“. Исто така, соопшти дека веб-страниците за коцкање и оние за „секс и возрасни“ се блокирани неофицијално неколку месеци.

Во соопштението стои дека ако некој се обиде да ги пробие страниците ќе биде казнети според севернокорејскиот закон, иако не се спомнува каков вид на казна. Новите ограничување во земјата се слични на интернет цензурата во соседна Кина, кој овозможува поголема пристапност кон интернетот, но одржува и строга забрана за сајтови кои според Пекинг се политички чувствителни и социјално штетни.

Се проценува дека повеќе од два милиони Севернокорејци користат мобилни телефони. Во 2013 година, државата им дозволи на странците во земјата да користат 3G интернет на своите мобилни телефони кои бараат локални SIM картички за да пристапат до мобилниот оператор „Кориолинк“.

За разлика од овие страници, Инстаграм е единствената популарна социјална мрежа што не се најде на листата на официјално забранети веб-страници и функционира нормално.