Северна Кореја фрли милион пропагандни летоци над Јужна Кореја

Северна Кореја фрли околу еден милион пропагандни летоци над Јужна Кореја преку хелиумски балон, соопштија властите во Јужна Кореја. Овој потег доаѓа во време на силна пропагандна битка меѓу државите, предизвикана од неодамнешната нуклеарна проба на Пјонгјанг.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Јужна Кореја се наведува дека војската на Северна Кореја од минатата седмица испраќа балони кои фрлаатње летоци, јавуваат светските медиуми. Најголем дел од летоците се фрлаат во пограничните подрачја, но властите јавуваат дека летоци стигнале дури до Сеул.

Официјален Пјонгјанг во последните години ретко фрлаше летоци над Јужна Кореја откако двете Кореи официјално прекинаа со психолошката војна како дел од мерката за намалување на тензиите договорени во 2004 година. Сепак, Јужна Кореаја продолжи со повремено испраќање балони со летоци, но и чоколадни десерти, што предизвикуваше негодување во Пјонгјанг.

Тензиите меѓу Северна и Јужна Кореа се зголемија откако Пјонгјанг на 6. јануари објави дека извршил проба на хидрогенска бомба, а Сеул повторно покрена емитување на пропагандни пораки преку огромните звучници на границата.