Серијал стрипови го прикажува животот на две девојки со попреченост на хумористичен начин

Комичен стрип-серијал, именуван The Disabled Life (Животот со попреченост) преку хумор и сарказам прикажува како изгледа да се живее со инвалидитет кој го ограничува движењето.

Создаден од Џесика и Лиана Оди, две сестри кои се врзани за инвалидска количка, серијалот цртежи ги прикажува добрите и лошите страни на нивниот живот.

Џесика и Лиана велат дека цел свој живот се шегуваат за својата состојба, но почнале да ги користат тие шеги за да разговараат за своето искуство пред неколку години, преку заеднички Твитер профил. Кога виделе дека заедницата на луѓе со попреченост одговара позитивно на нивните шеги ограничени на 140 знаци, решиле да го искористат својот талент како уметници за да го направат серијалот The Disabled Life стрип.

„Се чинеше дека е одличен начин да ги споиме двете нешта кои ги сакаме – сарказмот и цртањето“, вели Џесика.

 

Додава дека го развиле саркастичниот смисол за хумор за да им помогне при комуникацијата со луѓе кои не го разбираат нивниот инвалидитет.

На сестрите им била дијагностицирана тип 1 мускулна атрофија на ’рбетот кога биле родени. Состојбата вообичаено предизвикува краток животен рок и сериозни респираторни проблеми, што значи дека не се очекувало да живеат повеќе од две години.

 

Но, пораснале без поголеми проблеми со дишењето, и било очигледно дека имаат погрешна дијагноза. Сѐ уште не се сигурни каква болест имаат, и моментално прават разни тестирања за да дознаат.

Луѓето кои им се блиски никогаш не се обидувале да ги ограничат поради нивниот инвалидитет. Но, непознатите луѓе се сосема друга приказна, велат. Поголем дел од материјалот кој го користат за своите цртежи е од чудни интеракции со непознати луѓе, без разлика дали станува збор за навредливи поради кои ги добиваат преку апликациите како Tinder, или инвазија на нивниот личен простор.

Преку создавање на стрип базиран на искуствата на сите луѓе со инвалидитет, Џесика и Лиана се надеваат дека можат да создадат чувство за заедница за луѓето кои ги имаат истите проблеми.

„Да се знае дека луѓето можат сосема да се пронајдат во нашите приказни е неверојатно“, вели Џесика. „Да се има заедница која може да се поврзе и да ги сподели приказните е многу важна работа. Отсекогаш сме биле среќни што се имаме една со друга, па да можеме да им помогнеме и на другите е прекрасно“.

https-%2f%2fblueprint-api-production-s3-amazonaws-com%2fuploads%2fcard%2fimage%2f250550%2ftanning