Серија на вебинари за родители и наставници од Британскиот совет

Како дел од програмата „Училишта на 21 век“, Британскиот совет подготви четири вебинари за родители и наставници.

Вебинарите започнуваат од 22 јуни, а ќе траат до 26 јуни. Тие опфаќаат предавања за критичко размислување и примена на кодирањето во наставата.

„Наша цел е да им овозможиме на родителите подобро да разберат какви вештини ги учиме нивните деца преку нашата програма, а во исто време да дадеме нови идеи за наставниците за тоа како да користат критичко размислување, решавање проблеми и кодирање во нивните училници“, велат од Британскиот совет.

За предавањата е потребно заинтересираните  да се пријават на следниот ЛИНК.