Семинар за средношколци – за влез е потребна празна батерија

Здружението Гоу Грин во соработка со АИЕСЕК Скопје организираат семинар за средношколци кои сакаат да направат промена во општеството и кои вистински закаат да ја заштита планетата Земја.

Семинар за средношколци - за влез се носи празна батерија

Семинарот ќе се одржи во сабота (29 март) на Економскиот Факултет во Скопје. Покрај знаење за климатски промени, одржлив развој, зелена економија и еколошка демократија, посетителите ќе имаат можност да дознаат за проектот за отпадни батерии, Гоу Клин како и да аплицираат за тим лидер.

Повеќе информации и агендата на семинарот може да се прочитаат на Фејсбук настанот. За присуство на семинарот средношколците треба да ја пополнат апликацијаат на следниот линк.

Краен рок за аплицирање е четврток,  27 март. Влез на семинарот е празна батерија.

Радио МОФ ќе врши видео пренос од семинарот.


Live streaming video by Ustream